Груевски: Демонстрација на сила е инструмент на политичка борба на СДСМ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Кисела Вода порача дека наскоро ќе почне новата ера и новата визија за Македонија.

– Новата ера почнува. Нова ера, ново утро, нова визија за Македонија. Нова визија и нова стратегија со која во наредната декада ќе бидат отворени 150 илјади нови работни места, невработеноста ќе се сведе под десет проценти. Тоа го ветува ВМРО-ДПМНЕ, партија и Коалиција која покажа дека знае да отвори не 150, туку 173 илјади нови работни места и знае да ја намали невработеноста од речиси 40 на 22,5 проценти, рече Груевски.

Тој најави оти новата ера значи и многу повеќе вложувања во екологијата, животната средина, но ќе значи и многу нови капацитети во енергетиката.

– На 15 октомври моќта е во рацете на народот со пенкалото во рака. Демократијата им дава шанса на 15 октомври, потоа и на 29 доколку некаде има втор круг да излезат и да одговорат за целото ова помрачување, оцени Груевски.

Тој истакна дека народот сака партија и политичари кои држат до дадениот збор.

– Во 2006 година, Кисела Вода имаше вработени вкупно 7.420 луѓе. Денес во Кисела Вода има 15.200 вработени, тоа се 8.000 нови работни места. Тоа е реализација. Нас не ни треба слоган „Зборот е збор“, затоа што делата говорат за нас, реализираното говори за нас, оцени Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека на изборите народот ќе се изјасни и за демонстрирањето на сила и насилство во Македонија.

– Демонстрацијата на сила е очигледна секој ден. Кривични пријави во првите десет дена на над десет кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е инструмент на политичка борба на СДСМ, покажува какво кршење на демокртатијата носат тие. Во Македонија првпат имаме убиство на кандидат во кампања. Еден од кандидатите во Кичево, денеска подлегна повредите од испуканите куршуми, почина. Првпат имаме скршен череп на актуелен и кандидат за градоначалник. Имаме однесување кон кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со вперување на пиштоли во глава, имаме насилничко однесување од МВР кое се претвори во партиска испостава, рече Груевски.

Според него, постои целосно кршење на демократијата и оти се кршат изборните правила со демонстрација на сила и насилство.

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода Јохан Тарчуловски, им порача на сограѓаните да не го гледаат како политичар, туку како нивен пријател.

Тој вети унапредување на локалниот економски развој, соработка со приватниот сектор, поддршка на малите и средни бизниси, а најави и финансиска поддршка за иновативни проекти на младите за да можат да започнат свој бизнис.

– Ќе воведеме регистар на компании и невработени лица на територијата на општина Кисела Вода. Ќе посредуваме за приоритетно вработување на жителите на општината во компаниите кои гравитираат на нашата територија, рече Тарчуловски.

Најави и реконструкција на поголемиот дел од воспитно-образовните институции по системот за енергетска ефикасност, доопремување на училиштата, изградба на две нови градинки опремени по европски стандарди, како и награди за најдобрите сто основци.

Во својата програма најави и проекти за инклузија на децата со посебни потреби преку опремување на специјализирани сензор соби кои ќе функционираат во рамките на двете градинки и ќе имаат за цел да ја олеснат комуникацијата и интеграцијата на оваа ранлива категорија на деца. – Ќе воведеме бесплатни градинки и дневен престој за децата од еднородителски семејства, рече Тарчуловски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски