Парадоксот на нашата земја. Од една страна Рамкоска со својата животна голгота, од друга страна егзекуторот Никола. Ги делеа само неколку часа, неколку бројки од далечинскиот управувач, синото и црвеното студио…
Сега разбирам зошто оваа жена по шест години се` уште се чувствува дека не е на слобода.
Така е! А ти, Никола, си само уште еден доказ дека еглонил форте е плацебо или ти го мешаат со несодветни антидепресиви кои исклучуваат користење одредени антипсихотици.
Ако ти се направи добра психолошка анализа, допрва ќе ти треба потсетник, Никола. Нус- ефектите се деменција, не само обична заборавеност. Треморот пак,… е за него си знаеш…
Имаш заглавено во флоскули и плеоназми, но сепак јас се прашувам како се` уште си на ТВ екраните.
Да беше „жива“ А1, ти би требало да гостуваш само во една емисија со наслов „Бисери“…
Дејан Блажески