Груевски: Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство

Од:

Новата ера на минимум 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10 проценти, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Валандово.

– Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2,5 пати повисок приход по жител – односно од пет на 12 илјади долари. Тоа значи 2,5 пати побогати граѓани, но и 2,5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата и животната средина за почист воздух и вода, вети Груевски.

Повтори дека во новата ера секоја општина во државата, вклучително и Валандово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен оброк во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат мнозинство.

Тој од Валандово најави два нови проекти. Стекнување сопствен дом кој ќе овозможи семејствата кои немаат свој дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци. Проектот ќе опфати обезбедување локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само едно евро по квадратен метар.

– Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави отпис и на долгови за социјално загрозени семејства.

– Ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30 октомври 2017 година. Ќе бидат опфатени граѓани од социјално загрозени семејства, приматели на социјална и постојана парична помош, семејства кои се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот, семејства кои се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија, појасни Груевски.

Според него, отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новите совети на општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен