Груби: Зборуваме со пратеници од опозицијата за уставни измени, ни влеваат доверба дека ќе ги поддржат

Од:

Власта разговара со опозициски пратеници за уставните измени со кои Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија, а во замена, нашата држава ќе почне со преговорите со ЕУ. Ова е заклучокот од одговорот на вицепремиерот Артан Груби, кој кажа дека разговорите влеваат доверба.

„Јас сум апсолутен оптимист. Имаме поддршка од сите про-европски сили во однос на европскиот пат и уставните измени. Се уште зборуваме македонски, јас зборувам македонски, никој не нѐ асимилираше и бугаризираше, тоа беше лажна вест. Исто како што беше лажна вест Тиранската платформа, дека сите ќе мора да учат албански. Реалноста е дека македонскиот јазик е официјален и ќе биде официјален во ЕУ. Нашите секојдневни контакти, со опозициски пратеници, ни влеваат доверба дека тие ќе ги поддржат уставните промени“, кажа Груби.

Тој додаде:

„Сметам дека е време да се ослободат сите политички партии од регресивни начини на функционирање и да дадат поддршка“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана