Груби се сретна со германската амбасадорка Алтхаузер

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби денеска имаше средба со амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер на која било разговарано за состојбата и политичката сцена во земјата, спорот за името, јазичната еднаквост, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ, соопшти собраниската Комисија за европски прашања.

– Пратеникот Груби и се заблагодари на германската амбасадорка за големата поддршка на Берлин и нејзината лична поддршка за оформување и создавање на една демократска Македонија која ќе биде целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Беше укажано за улогата што ја имаше германската амбасадорка Алтхаузер за време на политичката криза која беше многу конструктивна и во исто време пријателски натроена кон земјата и граѓаните, стои во соопштението.

Груби, како што се наведува, зборуваше и за различните идеи за решавање на прашањето за името и побара помош од Берлин за надминување на овој предизвик, со што, изрази уверување за решавање на споровите во Скопје преку системските реформи.

Претседателот на собраниската Комисија, исто така, рекол дека постигнувањето на еден компромис за добивање на покана за членство во НАТО го отвора патот на одржлива стабилност во земјата и регионот.

Соговорниците разговарале и околу јазичната еднаквост во согласност со Охридскиот Договор, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет