(ВИДЕО) Груби реагира на говорот на Иванов: Законот за јазици е во согласност со Уставот

Од:

Говорот на претседателот Ѓорге Иванов е оксиморон. Ако го ставиме на полиграф ќе изгледа шашаво за да се дефинира што е суштината и што се пораките. Имаме над 26 забелешки. Но главно е во делот за Законот за јазици. Ваква е реакцијата на Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Артан Груби, по говорот на Иванов – кој Законот за јазици го оцени како неуставен и репресивен.

„Со овој закон се заокружува Рамковниот договор потпишан од сите партии и претседателот Борис Трајковски. Овој закон извира од Уставот и е во целосна согласност со него. Иванов треба да биде пример за кохезија на меѓуетничките и добрососедските односи“, рече Груби

Додаде дека е скандалозна изјавата на Иванов за соседите и рече дека тој треба да се извини за коментарите кон Косово и Приштина.

Иванов во своето обраќање посочи на финансиската помош од Косово за актерите ангажирани во терористичките акти во Гошинце и Диво Насеље, прашувајќи дали на тој начин Приштина и заблагодарила на Македонија за згрижувањето на 350.000 косовски бегалци во 1999 година и признавањето на косовската независност.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански