Груби: Конечното решение за спорот со името да биде достоинствено и взаемно прифатливо

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби и посредникот на Обединетите Нации за спорот со името Метјуц Нимиц на работен ручек во Њујрок разговарале општо за спорот и посредништвото на медијаторот и споделиле размислувања за актуелните случување, соопшти собраниската Комисија за европски прашања, чиј претседател е Груби.

– Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е поблиску од кога било. Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо. Компромисот мора да овозможи неодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со оддржлив мир и стабилноство нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи представува предуслов за економски развој и општествена благосостојба, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата