Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

Од:

Неколку недели по почнувањето со градежните работи на делниците кои „Бехтел и Енка“ ќе ги гради во земјава и неколку месеци откако се донесоа неколку спорни закони во Собранието, стручната јавност денес ќе одржи стручна дебата за најголемиот инфраструктурен проект на која наместо стручњаци ќе присуствуваат министри од Владата.

“Искуства и предизвици при проектирање, изградба и одржување на патната инфраструктура” е темата за научно-стручната дебата која ја организира Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ) денеска во хотел во Скопје.

Идејата на настанот е да се продискутира за патиштата и претстојниот најголем инфраструктурен проект од научно – стручен аспект, на кој ќе се даде стручен осврт на реализацијата на овој проект од повеќе аспекти: Состојба на легислативата поврзана со проектирање, Изградба и Одржување.

„Со оглед на фактот што ова е најголем инфраструктурен проект во Македонија, цениме дека е од исклучително значење за нас како стручна инженерска асоцијација да организираме ваков настан, со што ќе го доближиме проектот до нив, а преку нив ќе се афирмираат бенефитите од изградбата на автопатиштата пред македонската јавност. Воедно ова ќе биде можност и за размена на искуства, предлози и идеи, кои ќе придонесат за подобрување на техничките карактеристики и перформанси на самиот проект.

Всушност, ова ќе биде прва дебата со научно стручен пристап и анализа на проектот од инженерската фела, за разлика од досегашните исклучиво политички дискусии во јавноста“, најавија од ДПМ.

Дебата ќе ја отвори претседателот на Друштвото за патишта на Македонија, проф. д-р Горан Мијоски, а ќе следуваат обраќања на деканот на Градежен факултет, проф. д-р Горан Маркоски, директорот на ЈП „Македонија пат“, Костадин Ацески, директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и на вицепремиерот Артан Груби.

Со експлозија на планината кај Горња Баница на 12 септември во присуство на вицепремиерот Артан Груби со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, се означи стартот на работата на „Бехтел и Енка“ во Македонија, нешто што два пати свечено беше најавувано од страна на половина влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски.

Според договорот, изградбата на три делници на Коридорот 8 и една на Коридорот 10д треба да заврши за 4 години и 7 месеци, а треба да чини 1,3 милијарди евра, сума која може да биде надмината. Од сумата, досега на сметката на „Бехтел и Енка“ се легнати 174,5 милиони евра, од предвидените 243 милиони за оваа година.

Би можело да ве интересира

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството