Груби: Фотографијата е направена при мало изненадување за Ахмети, ги почитуваме протоколите

Од:

Фотографијата од петнаесеттемина членови на ДУИ, меѓу кои и високи државни функционери, кои без маска и дистанца слават роденден во новиот барокен објект на Министерството за политички систем била направена при мало изненадување приредено за лидерот Али Ахмети, вели за „А1он“ првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби. Тој вели дека организирањето на овој настан во државни простории им било традиција.

„Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Сликата објавена од Османи беше само еден момент за заедничка слика при мало изненадување што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство“, вели вицепремиерот Груби.

И покрај тоа што на заедничката фотографија, како и на фотографијата на која лидерот Али Ахмети ја сече тортата, никој не носи маски и нема два метра меѓу нив, Груби тврди дека ги почитувале протоколите.

„Протоколите првенствено ги почитуваме за нашето лично здравје и за нашите семејства како и за граѓаните“, тврди вицепремиерот Груби.

Како потврда за почитувањето на протоколите, вицепремиерот Груби ни ги испрати фотографиите од свеченоста по повод пуштањето во употреба на новите простории на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски.

Новиот објект во кој сефте прослава направи ДУИ, Владата го плати 14 милиони евра, а свечено беше пуштен во употреба вчера.

Заедничката фотографија од прославата во новите простории на Министерството ја објави министерот за надворешни работи Бујар Омани, а подоцна на социјалните мрежи се појави и фотографија на која лидерот Ахмети сече торта, а неговите симпатизери му го честитаат 62 роденден.

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој секоја прилика ја користи да ги повика граѓаните да не се групираат повеќе од четворица и да носат маски и на отворено и во затворени простории, денес нема коментар за фотографијата од прославата што ја објави министерот Османи.

Министерот Филипче не одговори ниту на многубројните забелешки за фотографијата која самиот ја објави пред два дена на која тој и премиерот Зоран Заев заедно со синовите се без маски. И нивната фотографија предизвика лавина реакции на јавноста која бара одговори зошто тие кои треба да бидат пример за граѓаните се фотографираат без маски, а на една од фотографиите се петмина иако забраната за групирање не дозволува повеќе од четворица во група на јавни места.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ