Груби: ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на Изборниот законик

Од:

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик, затоа што смета дека процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава, изјави денеска пратеникот на оваа партија, Артан Груби.

– Сметаме дека тие правила на игра за сите политички партии мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии, рече Груби на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ е за менување на изборниот модел, Груби рече дека партијата е за разговори, информирајќи оти за утре министерката за правда Рената Дескоска свикала состанок на сите парламентарни, но и вонпарламентарни партии и на претставници на цивилното општество и на други институции, на кои ќе се разговара за изнаоѓање најдобар можен изборен модел и Изборен законик.

Овие решенија, како што рече, би требало да бидат консензуално срочени во Предлог-закон и усвоени од сите затоа што тие правила на игра се однесуваат на сите.

Според него, не би требало да се прават опасни преседани со партиски калкулации само за следните избори од која било страна, затоа што со тоа се отвора Пандорината кутија и нема да се знаат последиците.

Претходно, претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски информираше дека за измени на Изборниот законик досега се поднесени 6.000 амандмани.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата