(ВИДЕО) Груби: ДУИ нема да испорачува никакви фактури, Пендаровски е наш претседател

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби од прес-центарот на Собранието му ја честиташе новата функција на претседателот Стево Пендаровски и рече дека со неговиот избор конечно ќе тргнеме по патот на едно големо помирување со сите политички фактори во државата.

„По 10 години владеење на Иванов дојде време на позитивни промени, при што сите политички фактори, почнувајќи од владата, општините, сега и претседателот ќе бидат сконцентрирани кон Запад – правецот кој што е вистинскиот за државата“, рече Груби.

Во однос на политичките кредити за кои предупреди Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе треба да ги исплати новиот претседател и СДСМ, Груби рече:

„Пендаровски е наш кандидат. Не можеме да испорачуваме фактури кон наш кандидат. Единствената кандидатура којашто ја испорача ДУИ се резултатите на изборите и што успешно ДУИ ги испорачува од 2014 година“.

За отсуството на премиерот Зоран Зоран на инаугурацијата тој рече:

„Ќе треба да го прашате него зошто така одлучил. Тој имаше видео-изјава, но не сум ја видел, а зошто и како одлучил да не присуствува, ќе треба да го прашате него лично“.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански