(ВИДЕО) Груби: ДУИ безрезервно се става на располагање на органите на правдата и прогонот

Од:

ДУИ ќе даде поддршка на законското решение за СЈО кое што е усогласено со коалициониот партнер, рече на прес-конференција пратеникот Артан Груби.

Како што рече тој имало неколку предлози во однос на идното функционирање на СЈО, но овој е најприфатлив.

„Се надевам дека ќе најдеме консензус со сите политички претставници во парламентот, зошто формирањето на СЈО е донесено со потписите на четири политички партии во 2015 година како дел од Пржинскиот договор“, рече Груби.

Тој додаде дека со законот се основа ново Обвинителство, перманентно, кое ќе гони висок профил на корупција.

„Ова обвинителство ќе работи независно и ќе функционира не само во време на владеењето на СДСМ и ДУИ, туку и за сите наредни влади. Очекувам тоа да го направиме сите заеднички за да добиеме и поддршка од меѓународната заедница, затоа што знаете дека владеењето на правото е клучен услов за поддршка на членството на државата во ЕУ“, порача Груби.

Тој посочи дека ДУИ се става на располагање, СЈО да отвори истраги за сите функционери на ДУИ од 2002 па наваму.

„Безрезервно се ставаме на располагање на органите на правдата и прогонот, да се постапува по словото на законот и тој да важи за сите“, истакна пратеникот на ДУИ кој одговори и на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Беса дека има селективен пристап во работењето на СЈО.

„Политичарите да не преземаат улога на обвинители бидејќи местото им е да се занимаваат со политика, а не да шират пропаганда. СЈО работеше транспарентно и даваше извештаи за својата работа токму пред ова Собрание“, истакна Груби на прес-конференцијата.

Габриела Д. Мишевска

Би можело да ве интересира

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ

Влен: ДУИ нема свои кандидати на изборите, се надева на милоста на Села и Таравари

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

Адеми: Бараме истрага за работата на безбедносните служби од 1945 наваму и проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум