Груби: 92 проценти од предвидените административци се распределени на новите работни места

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вели дека 92 проценти од сите административци предвидени со програмата за распределба К5, се веќе на новите работни места по институции, вклучително и оние административци кои беа спорни во Државниот пазарен инспекторат.

– Од минатата недела веќе сите почнаа со работа. Во процес на распределба сме во Министерството за внатрешни работи – 140 административци, кои во моментот го поминуваат процесот на ветинг во Националната агенција за безбедност. Колку што имам информации, 120 го поминале тој процес и се надевам дека во текот на овие денови ќе почнат со работа и во МВР, со што целиот процес ќе биде заокружен, рече Груби на промовирањето на поштенска марка посветена на 20-годишнината од Охридскиот договор.

Груби потенцира дека до него директно немало никакви поплаки од административци во врска со систематизацијата.

– До мене немало поплаки. Имаше процедурални дилеми, на пример, група од Куманово која беше префрлена во Даночната управа, беше преместена во Штип, но Штип го опфаќа градот Куманово како регион и беше само техничка работа за добивање документација, но со работните места продолжија таму. Нормално, имаме луѓе кои имаат амбиции за понатаму, но секако, нека се докажат со својата работа и нека напредуваат на работните места каде што се префрлени, рече Груби.

Владата на седница во јануари, годинава, го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5. Планот предвидуваше распределба на над 1.300 административни службеници кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година, во вкупно 258 институции на локална самоуправа и други државни органи. Врз основа на планот за распределба, кој е одобрен од Министерството за финансии, институциите ја утврдуваат одлуката додека раководните лица во институциите се должи да започнат постапка за усогласување на актите на систематизација на работните места во рок од 30 дена од одобрувањето на планот.

Би можело да ве интересира

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември

Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Горан Наумовски

По повеќе од една година мината во бегство: Перпарим Бајрами и се предаде на полицијата

Горан Наумовски