(ВИДЕО) ГРОМ: За Јакимовски е хајка, за останатите осомничени ќе каже судот

Од:

За Јакимовски е хајка, за останатите осомничени ќе кажат институциите дали има пропуст во нивното работење, велат од Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), партијата на ексградоначалникот на општина Карпош.

Од партијата сметаат дека станува збор за политички монтиран случај поради јавното несогласување со политиките на власта.

„Сведоци сме на инструирана акција на оваа квислиншка власт. Се вршеше претрес во три објкети без присуство на адвокатот. Некој брза случајот да се спакува и процесира. За 24 часа треба цела документација да се разгледа. Јакимовски е и ќе отане еден од најдобрите градоначалници. Ова е хајка и монтиран процес врз него и партијата ГРОМ. Ние први не го поддржавме договорот со Грција, единствена парламенатрна партија сме која повика на бојкот. Ова нема да не уплаши тику е мотив за да истраеме“, вели Александар Трајановски од ГРОМ.

Финансиската полиција, поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште четири лица ги гони за три јавни набавки, со образложение дека го оштетиле буџетот за петстотини и деведесет и пет илјади евра или 36.634.675 денари.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он