ГРОМ: Македонија да го искористи правото на Вето за влез на Финска и Шведска во НАТО поради бугарската блокада

Од:

Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ предлага Македонија да го искористи правото на вето за влез на Финска и Шведска во НАТО со јасно ставање на знаење дека причината за таквиот чекор е бугарската блокада на нашиот пат кон ЕУ.

„Ние Македонците сме загрозени како никогаш до сега и затоа треба да прибегнеме кон вето во обид за последен спас на нацијата“, велат од партијата на Стевчо Јакимовски.

Оттука коментираат дека не го прифаќаат образложението оти сме мала држава, кога напротив власта го убедуваше народот дека со зачленување во воен сојуз како НАТО ќе бидеме побезбедни.

ГРОМ додава не се изненадени од уверувањата од власта дека е францускиот предлог добар, туку ги чуди како дел од опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле да асистираат во уништувањето на македонскиот идентитет, култура и историја .

„За жал оваа фарса со која ќе се стави потпис и потврда за наводната втора бугарска држава ја играат и актери кои до вчера се колнеа дека нема да попуштат. Очигледно дека по наводното дипломатско пеење легнале на брашно и си прифатиле да асистираат во претворање на Република Македонија од држава во територија без народ. Сега станува јасно зошто ВМРО ДПМНЕ правеше митинг и носеше автобуси пред десетина дена а тоа е со цел да спласне гневот кај народот и сега да глумат загрижени патриоти“, додаваат од ГРОМ.

Би можело да ве интересира

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

Јакимовски: Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија

Андоновска: Ќе се залагам пензијата во едно семејство да не биде помала од 25 илјади денари

Јакимовски: Да се градат геријатриски центри во склоп на болниците

Катерина Ѓуровски

Гром ќе се залага за изградба на пет старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови