Грција, можни избори и по трет пат?

Од:

Нова Демократија освои 29,76 % од гласовите и со тоа е победник на изборите во Грција, пред Сириза која освои 26,84 %, ПАСОК 12,35%, Независната Партија на Грците 7,48, Златна Зора 6,91% и Комунистичката Партија на Грција ККЕ 4,52%.

Мандатот за формирање на нова влада Председателот Папуљас ќе го додели на Самарас, лидерот на Нова Демократија. Иако постојат шпекулации дека е можна коалиција со ПАСОК од страна на Грчките про-владини тинк-тенкови блиски на Нова Демократија веќе од првите моменти станува незивесно.

Од ПАСОК во вечерните часови високи функционери побараа да се состави влада која би била составена од Пасок и СИРИЗА, но лидерот на СИРИЗА го одби предлогот на ПАСОК па станува се понеизвесно кој со кого би коалицирал за да се направи влада.

Време има до четврток но грчките партии се се повеќе поделени и во нивните ровови. Во ваква криза, до договор тешко ќе дојде пред се затоа што странските експерти предвидуваат залез на ПАСОК .

Заради самата криза во Грција општеството оди кон поекстремната левица што е вообичаена практика на медитеранските земји.

Елитизмот на ПАСОК и про-европските ставови можно е уште повеќе да го ослабат доколку и овој пат не се формира влада и се оди на уште едни избори.

Економсите кризи во земјите од Медитеранот секогаш биле погубни за левичарските партии блиску до центарот.

Од овие избори веќе е јасно дека ПАСОК е во тешка криза, а критичарите доследно цела година повторуваат-На левицата не и се потребни работодавците ами вработените.

Мислам дека падот на ПАСОК и кризите на Балканот ќе примораат многу партии од левицата да се преформулираат и профилираат, враќајќи се на корените на левицата и полу/популизмот.

Како стојат работите и во соседните држави и во Македонија ова е уште еден пример дека елитизмот каков и да е треба да се заборави.Сите криминално-бизнис групи да се држат настрана од левицата , а вработените да се прифатат како сопствени гласачи ,впрочем, тоа е таргетот на дефинираната левица.

Останува да се учи од ПАСОК и да се чека избор на влада во Грција.

Даме Чкатроски – уредник на World security for Balkan and Macedonia

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска