Грција ќе ја следи одлуката на ЕУ околу отворањето на границите за македонските граѓани

Од:

Грција планира да се води од каталогот составен од ЕУ во однос на тоа дали ќе допушта влез на своја територија на лица од земји кои не се членки на Унијата, соопшти денес кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

До 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, велат од грчката влада, по состанокот што Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во пресрет на отворањето на границите и туристичките капацитети на 1 јули.

Мицотакис посочил дека „целиот процес на отворање е динамичен и податоците ќе се оценуваат континуирано“.

На средбата се зборувало за начините на кои ќе се спроведува тестирањето на посетителите, за протоколите, како и за задолжителната обврска на туристите, 48 часа пред пристигнувањето во Грција да го имаат пополнето специјалниот образец.

Заедничка констатација, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, било дека е направена правилна подготовка на сите нивоа, за да постои максимална безбедност и за посетителите и за локалното население.

Како што беше објавено денес, членките на ЕУ се пред постигнување договор за листата на трети држави чии граѓани ќе смеат да влезат во Унијата. Според германскиот весник Франкфуртер АлгемајнеЦајтунг, од земјите од Балканот на листата се само Србија и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски