ВИДЕО: Жалбата на Грујевски за екстрадицијата го одложи „Трезор“

Од:

Судењето за предметот „Трезор“ денеска беше одложено поради жалбената постапка што се води пред Врховниот суд во Грција за одлуката за екстрадиција на Горан Грујевски. Неговиот адвокат Петар Василев рече дека вложиле жалба на одлуката за екстрадиција што беше соопштена минатиот месец. Судењето е одложено за 29 март.

Грујевски заедно со Никола Бошкоски веќе неколку месеци се во притвор во Грција каде што беа уапсени по издадена потерница на македонските власти, со лажни бугарски пасоши.

Во случајот „Трезор“ на СЈО е обвинет и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за злоупотреба на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа.

Во обвинението заедно со него опфатени се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, бегалецот Грујевски, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски