Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Од:

Под наслов „Северна Македонија-Гордана Сиљановска: Се однесуваме многу одговорно кон Договорот од Преспа, се сомневам дали истото важи и за Грција“, грчката новинска агенција АНА-МПА ги пренесува ставовите на претседателката изнесени во вчерашното интервју, текст преземен од голем дел од онлајн изданијата на медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА пишува дека „претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска, тврдеше дека нејзината земја во голема мера ги исполнила своите обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа, додека изрази сомневање дали истото може да се каже и за Грција“.

-Барам разбирање. Го имаме Договорот од Преспа. Се смени Уставот на нашата земја, ги сменивме нашите документи и за надвор и за внатре, дури и шахтите ги сменивме. Но, кога постојат две страни во Договорот, треба и другата страна да покаже кооперативност. Јажето има два краја и обично двајца го влечат. Мислам дека многу одговорно се однесувавме кон Преспанскиот договор, ги исполнивме нашите обврски дури и пред да истечат роковите, но не сум сигурна дека истото го стори и Грција. Таму ќе слушнете да велат „Скопјани“, „Скопја“, ќе видите табли со „ФИРОМ“, но не и со Северна Македонија. Да не зборуваме за меморандумите за соработка и особено за меморандумот за процесот на пристапување на нашата земја во Европската унија, ја пренесува грчката новинска агенција, изјавата на претседателката за време на интервјуто.

Дополнително, пренесен е и ставот во однос на заклетвата и употребата на името Македонија и нејзиното објаснување дека врз основа на член 7 став 3 од Договорот од Преспа има право да го користи терминот „Македонија“, а целосно е цитирана и позицијата дека „името е најголемиот идентитетски знак и тоа излезе од мене“.

-На прашањето дали во следните пет години (колку што трае нејзиниот мандат како претседателка на државата) ќе остане на својот став и нема да го изговара уставното име на државата, а тоа е Северна Македонија, Гордана Сиљановска одговори: Сите знаете дека сум претседателка на оваа држава која според нејзиниот Устав се нарекува така. Зошто треба да го повторувам тоа? Зарем нашите грчки колеги постојано велат Хеленска република или Елада? Не. (…) Ги почитувам договорите. Не е точно дека ги прекршуваме. Некој друг ги прекршува, пишува грчката новинска агенција на крајот од текстот.

Веста објавена доцна синоќа, во целост беше преземена од онлајн медиумите во Грција, кои ја објавија под насловите: „Директна провокација“ од Сиљановска: Покажуваме одговорност кон Договорот од Преспа, се сомневам за Грција“; „Северна Македонија: Го почитуваме Договорот од Преспа, вели Сиљановска, Грција го прекршува“; „Гордана Сиљановска: Се однесуваме одговорно кон Договорот од Преспа, се сомневам дали истото важи и за Грција“; „Сиљановска: Ние сме одговорни кон Договорот од Преспа, но се сомневам во Грција“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната