ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Од:

Безживотните тела на 14 мигранти биле извлечени од морето во близина на грчкиот остров Хиос по судар на чамец со мигранти и патролен брод на крајбрежната служба на Грција, додека пак повредени се 24 спасени мигранти и двајца припадници на крајбрежната служба, а во тек е акција за спасување за евентуално исчезнати лица.

Инцидентот се случил околу 21 часот, според локалните медиуми од островот, чамецот што пренесувал мигранти со опасни маневри за да избегне контрола удрил во бродот на крајбрежната служба при што луѓето паднале во морето.

Од крајбрежната служба на Грција доцна вечерва информираа дека по судар на глисер во кој имало мигранти со патролен брод во тек е операција за спасување и потрага со учество на четири патролни бродови, еден приватен чамец со нуркачи, како и хеликоптер на воената морнарица.

Првично беа пронајдени телата на четворица мигранти, а подоцна уште десет со што бројот на загинати се зголеми на 14 лица.

Во инцидентот биле повредени двајца припадници на крајбрежната служба кои се пренесени во болницата на Хиос, како и 24 спасени мигранти.

Извори од службата за брза помош брифираа дека веднаш интервенирале со пет амбулантни возила.

Локалните медиуми пишуваат дека веројатно има исчезнати мигранти.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он