ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Од:

Две лица го загубија животот во Грција како последица на силните дождови и поплави што ја зафатија Атина и други делови од земјата.

Според грчката противпожарна служба, 56-годишна жена загинала во јужното атинско предградие Глифада, откако била удрена од автомобил кој бил однесен од надојдените води.

Претходно, 53-годишен припадник на крајбрежната стража од пристаниште во Пелопонез загинал откако паднал во морето додека се обидувал да врзе мал чамец. Полицаецот бил однесен од силниот ветер и разбрануваното море.

Грција вчера беше погодена од интензивни врнежи од дожд, грмотевици, силни ветрови и снежни врнежи во некои региони. Надлежните служби соопштија дека неповолните временски услови се очекува да продолжат и денеска.

Шест региони во земјата се ставени во состојба на зголемена мобилизација, а во повеќе подрачја извршени се евакуации на домаќинства како превентивна мерка.

Би можело да ве интересира

Хеликоптер се урна во близина на куќи на грчки остров – загина пилотот и сите петмина патници

А1он

ВИДЕО: Две жртви во пожар на грчкиот остров Саламина, евакуирани стотици жители и туристи

ВИДЕО: Мадона со хеликоптери пристигна во манастирот на Метеори, барала духовни совети

Девојчето кое го загуби семејството на Халкидики по борба повеќе од еден месец се враќа дома

Предраг Петровиќ

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

ВИДЕО: Голем пожар, итна евакуација на Халкидики

Предраг Петровиќ