Грчки медиуми: Македонија и Бугарија денеска го потпишуваат договорот за пријателство

Од:

Македонија и Бугарија денеска во Скопје потпишуваат договор за пријателство со цел да изградат поблиски односи и да ја зајакнат билатералната соработка, најавуваат грчките медиуми.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов ќе се сретнат денеска во Скопје за да го потпишат „историскиот договор“, јавува „Катимерини“ додавајќи дека двајцата премиери ќе положат венец на споменикот на Гоце Делчев, „за кој двете земји го сметаат нивен национален херој“.

„Во изјава минатата недела, премиерот на Македонија инсистираше на тоа дека договорот за пријателство нема во никој случај да влијае врз интересите на Македонија, додека во говор во Парламентот во Софија, исто минатата недела, бугарскиот премиер истакна дека договорот ќе ја направи Македонија стабилен сојузник со кој Бугарија дели заеднички ЕУ и НАТО вредности“, пишува весникот.

„Катерини“ наведува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ „не се согласува со потпишувањето на договорот“, и оти „за повеќето набљудувачи, пак, договорот е добредојдена иницијатива за зајакнување на односите“.

– Ова е важен чекор кој го отвора патот за една нова ера на добри односи со нашите соседи. Состојбата не е идеална. Ова ќе биде добар прв чекор за идни подобрувања, ја цитира „Катимерини“ изјавата на македонскиот дипломат Љупчо Арсовски.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил

Ги уби мајка му, сестра му и тетка му, па им ги запали телата

А1он

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев