Грчката полиција трага по двајцата убијци од Халкидики: Во изнајмениот апартман се наоѓале пет лица сите од Македонија

Од:

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Северна Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје.

Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Северна Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош.

Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност.

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шаржер.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција