Солза Грчева, претседател на „Глас за Македонија“, по повод дневниот ред на утрешната седница на Собранието, односно повторно гласање за ратификација на Договорот со Грција, упати повик до пратениците на Република Македонија.
Повикот го пренесуваме интегрално.
„Седницата на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред повторно ќе биде точката, Ратификација на Договорот со Грција потпишан од Димитров – Коцијас, е закажана за утре, ден по национален празник на големиот пријател од преку океанот, кој нашата “елита“ во фармерки го прослави спокојно и бодро – како да е нејзин празник!
Глас за Македонија, ќе го наруши празничното расположение на пратениците со пораките:
Имате уште едно (!?) деноноќие и единствена шанса да размислите, за да ја разбудите вашата совест, чувството на одговорност кон Уставот пред кој сте се заколнале да го штитите и пред граѓаните кои масовно се каат и откажуваат од гласот што ви го дале за да носите (и) судбински закони. Не гласајте повторно за ратификацијана капитулантскиот Договор Заев- Ципрас !
Ајде кренете глава, кажете НЕ и заедно со мнозинството на македонскиот народ, да го славиме ослободувањето од ова црно, ѓаволско искушение, кое притиска со лажни ветувања и со понижувачки „правни“ досетки против уставниот поредок на Република Македонија.
Кон решавање на проблемите на државата и посакуваниот развој, да се зафатиме со сопствени сили!“, се вели во повикот на Грчева.