Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Од:

„Скандалозно е среде Битола да се отвори клуб на Ванчо Михајлов, фашистички соработник и човек кој никогаш не ги призна Македонците како посебен народ. Тие за него беа бугарски посвоеници. Граѓаните на Република Македонија и сега, како и во минатото, во најголемо мнозинство се антифашисти!“, соопшти Глас за Македонија.

„Неприфатливо е тој темен лик од минатото да се споредува со Гоце и Даме. Бугарите мораат да прифатат дека Тито бил легендарен, светски познат антифашистички борец. Бугарите ги боли тоа што Македонците, токму под водство на Тито, водеа антифашистичка војна за ослободување од нивната фашистичка окупација и победија во таа војна. Бугарите срамно се повлекоа, а истиот тој Тито им ги прости репарациите кои требаше да ги плати Бугарија, токму поради окупацијата на Македонија.

Ако се трите илјади “македонски“ Бугари ( оние “120.000“ кои ги споменува Петков, очигледно се чувствуваат како Македонци) спремни да поддржуваат ликови како Михајлов и други познати фашисти, Македонците и сите други кои живеат во Македонија, го немаат тој сентимент. Бугарскиот врв кој присуствуваше на оваа навредлива церемонија, со ваквите изјави, веќе јасно ни ги исцрта рамките на таканаречените преговори во кои сме до гуша удавени. Нашата сервилна Влада која не забранува вакви наративи, е позната по тоа што нема никаква врска со чувствата на сопствениот народ. Затоа, ја предупредуваме Република Бугарија дека преговорите кои таа Влада ги води, нема да бидат признаени.

Глас за Македонија бара: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија; Итно разрешување на Министерот за надворешни работи, Бујар Османи; Итно Владата да се огради од ваквите соопштенија на контроверзниот “клуб“, дадени пред највисокиот бугарски политички врв; Итно затворање на клубот на фашистот Ванчо Михајлов; Итно обединување на македонскиот народ и другите граѓани во Република Македонија околу неспорната и жива антифашистичка ориентација! Во Македонија нема место за фашизам. Смрт на фашизмот, слобода на народот!“, се наведува во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Планот за борба против корупцијата е урнебес салата

Ана Ололовска