Грчева: ГЛАС за Македонија е згрозена од предложеното име за „меѓународна“ употреба со локално значење

Од:

„ГЛАС за Македонија најостро реагира и е згрозена од предложеното име за „меѓународна“ употреба со локално значење

Владата на Заев предложи име за меѓународна употреба со локално значење, што ќе значи целосна капитулација од наша страна. Придавката „Илинденска“ која на прв поглед е шеќерна обланда која треба да им се продаде лесно на Македонците поради емотивната врска со двата Илиндена, е всушност име кое не се преведува и е тотално бесмислено за меѓународна употреба. Ниту може да се изговори, ниту да се преведе, ниту има пошироко значење.

Со тоа Грција ќе извојува комплетна победа на своите никогаш непроменети барања да не бидеме препознатливи како нација, а ние ќе служиме за потсмев. Второ, како секуларна држава никако не смееме да си играме со верски поими (Св. Илија) бидејќи ќе личиме на Велигденските острови.

ГЛАС за Македонија дава предупредување до власта, но и до опозицијата никако да не им падне на памет да подржат промени на името Република Македонија, најмалку да дозволат мајтапење со некаква „креативност“. Бараме моментален прекин на задкулисните договори со Република Грција и враќање на проблемот на правен, а не на политички терен“, се вели во писменото соопштение на Солза Грчева, претседател на ГЛАС за Македонија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он