• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Грчева: Договорот за Северна Македонија ќе биде поништен

by А1он07/01/2019 - 21:43508
Share0

Во пресрет на последното гласање за уставните промени, партијата на Солза Грчева, „Глас за Македонија“ порача дека наредната влада ќе го поништи преспанскиот договор.

Добивај вести на вибер

„Договор кој се заснова на кршење на волјата на мнозинскиот народ, прекршување на постојниот устав, на уценети пратеници, на селективна и наменска, противуставна амнестија, на ослободени криминалци, на насилство без преседан на правната држава, секоја наредна влада ќе има не само право, туку и должност да го поништи“, вели партијата на Грчева, преку соопштение.

Оттаму им порачуваат на пратениците добро да размислат за последиците кои би резултирале со големи поделби кај македонскиот народ и да размислат дека нема цена за губењето на идентитетот.

„Да не се осмелат да ги поништат нашите стекнати права, нашето право на самоопределување. Дали не се свесни дека ја отвораат вратата и за федерализација на државата со постојаните барања на некои албански партии и со променетата преамбула?

Одговорноста е на нивни плеќи, на оние кои не ја почитуваа јасната волја на народот на последниот референдум. Последен момент е да не подлегнат на уцени, ветувања, и јавната полза да ја стават пред сопствената. Ќе се посрамотат за вечност, а договорот ќе биде поништен“, се вели во соопштението на партијата на Грчева.

glas za makedonijasolza grceva

Би можело да ве интересира

ЛДП: Додека Грчева промовира политики против Бугарија, нејзинит син доби функција во Софија

Предраг Петровиќ02/11/2023 - 16:4602/11/2023 - 16:52

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска18/04/2022 - 12:0218/04/2022 - 12:17

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска31/03/2022 - 11:17

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска08/10/2021 - 11:40

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он01/10/2021 - 15:2002/10/2021 - 08:07

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска10/09/2021 - 10:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен