Граничната полиција приведе шверцер на 31 мигрант

Од:

На автопатот Скопје – Куманово, поточно кај клучка Куманово, полициски службеници од Мобилна единица на граничната полиција во петокот, од слобода го лишиле Х.К.(21) од с.Рашче, скопско, затоа што во товарното возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени 31 лице – мигранти, од кои 21 – државјани на Пакистан, 4 – државјани на Сирија и 6- државјани на Авганистан.

Лицето е приведено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце.

По целосно документирање на случајот, против Х.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски