А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Граѓанскиот сектор реагира за смена на директорот на НП Галичица

by А1он26/12/2018 - 11:57327
Share0

Неколку невладини организации реагираме на одлуката на Владата за смена на сегашниот в.д. директор на националниот парк Галичица бидејќи сметаат дека за соодветно управување со заштитените подрачја во земјава потребни се стручни кадри со искуство во областа на раководни позиции кои ќе носат одлуки за унапредување на подрачјето.

Добивај вести на вибер

„Преку медиумите дознавме дека со одлука на Владата е разрешен сегашниот в.д. директор на НП Галичица – Андон Бојаџи, дипломиран шумарски инженер, за кого знаеме дека има 25-годишно искуство во националниот парк како раководител на секторот природа и вистински ја познава областа за чие унапредување искрено и се залага. Бојаџи е дел од тимот во речиси сите проекти за прекугранична и меѓународна соработка на паркот во насока на заштита и унапредување на природните богатства на регионот во кој работи. Во последните неколку години токму тој се залага за обезбедување самоодржливост на НП Галичица преку обезбедување финансии од еколошки туризам наместо од сеча на дрвја, како што тоа беше пракса досега. На негово место со одлука на Владата е назначен Васко Паскали, кој е дипломиран правник.

Претходниот директор на националниот парк Галичица имаше многу ризични одлуки кои можеа да значат загуба на цели живеалишта. Во 2015 година тогашниот директор на паркот одобри цела низа инфраструктурни проекти како ски-ресорт и автопат во строго заштитените зони на НП Галичица покажувајќи ни уште еднаш дека доколку сакаме заштита на природните богатства мора да имаме стручен кадар на овие позиции.

Ја прашуваме Владата зошто во случајов не е запазена законската постапка за избор на нов директор на паркот уредена со Законот за природа во член 141 каде јасно пишува дека директорот на ЈУНП се избира преку јавен оглас за вработување кој треба да биде објавен во најмалку три дневни весници кои се издаваат на територија на цела земја и зошто се откажува од успешни и стручни менџери кои одржливо управуваат со природните ресурси?”, се вели во реакцијата на Координативно тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима Македонски зелен центар, CNVP Македонија, Движење на екологистите на Македонија (Friends of the Earth Macedonia), ФРОНТ 21/42, Здружение за заштита на животни „Анима мунди“ и Здружение на инженери за животна средина.

Според нив, Македонија е земја што изобилува со природни богатства и многу ендемски и ретки видови и живеалишта со висок биодиверзитет. Токму вакви живеалишта има и во националниот парк Галичица и нивно одржливо управување треба да е приоритет за секој граѓанин.

„Бараме да се ревидира одлуката на Владата и да се испочитува предвидената постапка предвидена со законот и бараме со вакви позиции да раководат луѓе кои се стручни во својата област и имаат докажано искуство во заложбите за заштита и унапредување на заштитените подрачја. Сметаме дека како земја која има силни заложби да стане членка на Европската Унија токму сега мора да покажеме владеење на правото во државата”, се додава во реакцијата.

galicicazivotna sredina

Би можело да ве интересира

Параглајдерист паднал на карпест и недостапен терен на Галичица, евакуиран од екипа на Планинската служба за спасување

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 10:45

Охриѓанец палел оган на Галичица – рекол дека е бездомник и сакал да се стопли

A1on17/08/2024 - 15:54

Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари

Катерина Ѓуровски16/08/2024 - 12:3616/08/2024 - 13:45

Пожарот на Галичица е активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето

Горан Наумовски15/08/2024 - 08:58

Оган и експлозии на Галичица, исцрпени доброволци со денови се борат со огнот

Предраг Петровиќ15/08/2024 - 00:0915/08/2024 - 00:32

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер пренесено повредено лице од Галичица до Охрид

Предраг Петровиќ08/08/2024 - 18:2808/08/2024 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен