Граѓански активисти: Улиците во Битола ги добија своите вистински имиња

Од:

Утринава група битолски активисти на симболичен начин регираа и ги означија проблемите со состојбата на улиците кои ги имаат граѓаните на Битола со улиците.

На повеќе од 10 улици се поставени табли со прекари на улиците односно со имињата со кои одредени улици се здобиле изминативе години заради нивната запуштеност и нивната состојба. Имињата на улиците се симболични исто како состојбата на улиците, „ВЕТЕНА“, а не направена”, „ВЕЛЕЛСЛАЛОМ“ – полна со дупки кои мора да се избегнуваат, „ИДНИНА“, „Калосана“, „Теддерска“, „РАСКОПАНА“, „БОЛИВАЧ“, „Езерска – улица на 1000-та езерца“ и слично.

„Целта на оваа акција е да се укаже на проблемите на граѓаните кои живеат во одредени делови на Битола каде уличната инфраструктура е катастрофална и каде состојбите со локалната инфраструктура не само што не се подобруваат туку секојдневно се влоѓуваат. Битола иако е втор по големина град во Македонија за жал има уништена локална улична инфраструктура, многу улици во битола се нереконструирани, раскопани, некои имаат дупки стари и повеќе од 10 години а некои со децении чекаат на асфалтирање. Целта на акцијата е да се предизвика внимание и локалната власт да ги реши овие проблеми со кои граѓаните на Битола се соочуваат секојдневно“, вели групата граѓански активисти од Битола.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов