Граѓански активисти бараат од Пендаровски да не ги потпишува измените во Изборниот законик

Од:

Граѓанските активисти од иницијативата „Зелен хуман град“ во отворено писмо бараат од претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише указот за најавуваните измени на Изборниот законик, кои според нив, освен на Уставот и домашните закони, се спротивни и на добрите меѓународни практики, поконкретно на препораките од Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР.

„Со воведувањето на минимален праг од 2% од запишаните избирачи за независните листи да добијат право да се кандидираат на претстојните локални избори, големите партии воведуваат диктатура на партизмот и брутална окупација на политичкиот простор која е карактеристична само за режимски земји, а не за демократии. Притоа, тие целосно ги исклучуваат граѓаните и, спротивно на Уставот и законите, ги попречуваат да се кандидираат за јавни функции. Прагот од 2% за Град Скопје би значел обезбедување на 10.000 потписи наместо досегашните 1.000, исклучиво во подрачни канцеларии на ДИК, во работно време и во ек на летни одмори“, велат од „Зелен хуман град“, нагласувајќи дека членот 62 од Изборниот законик не е ниту еднаш менуван од денот на влегување во сила во 2006 г., односно 15 години.

„Од вас бараме да не дозволите газење на демократијата, да не дозволите дискриминација на граѓаните и да не дозволите компромитирано политичко малцинство (партиите се гласани од 30-40% од вкупниот број на избирачи), да одлучуваат за независни граѓански кандидати“, се вели во писмото до Пендаровски, во кое се наведени сите аргументи за позицијата на „Зелен хуман град“.

Би можело да ве интересира

Граѓаните протестираат, партиите кои се менуваат на власт се обвинуваат за загадувањето

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

Катерина Ѓуровски

Во Скопје протестен марш против аерозагадувањето

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on