Граѓаните сеуште тешко доаѓаат до информации од јавен карактер

Од:

Законот за слободен пристап до ингормации од јавен карактер е добар, но не се имплементира добро – ова е заклучокот на анлизата подготвена од Фондацијата отворено општество Македонија.

Шест години по донесувањето на Законот граѓаните сеуште тешко доаѓаат до бараната информација. Во истражувањето кое го спровеле од Фондацијата отворено општество биле користени резултатите од поднесени 732 барања за информации од јавен карактер. Дури 40 отсто од поднесените барања се обжалени пред Комисијата за заштита на право за слободен пристап до информации. Дури половина од жалбите се заради молчење на администрацијата, односно не доставување никакви информации до барателот, а другата половина бидејќи не се задоволни од добиениот одговор.

Данче Данилова од Фондацијата отворено општество, посочува дека имателите на iнформации преку општи или нејасни одговори, вешто одбегнуваат да ја дадат бараната информација. Во многу случаи, вели Даниловска, упатуваат информацијата да се бара на веб страницата, на која очигледно бараната информација не се наоѓа.

Како друг проблем кој го лоцирале во истражувањето е користење на имателите на информации доколу бараната информација која е составена во повеќе документи им служи како основа за одбивање.  Посочуваат дека ако одговорот на поставенотѕо прашање не е содржан во еден документи, имателот на информација е должен да му ги достави на барателот сите документи со кои располага, а од кои барателот сам ќе ја “извлече“ бараната инфомрација.

Притоа од Фондацијата, посочуваат дека како најголем проблем се јавува кај локалната самоуправа. Информацијата која ја барале,а не ја добиле, било како општинската власт комуницира со Собранието, поточно со пратениците избрани од соодветниот регион. Во дури 41 отсто од случаите имало молчење на администрацијата Што според организаторите на конференцијата за јавност зачудува, бидејќи во време пред локални избори не дава добра слика кај граѓаните.

Ова наведуваат од Фондацијата можеби се должи на намалениот буџет во Комисијата за 30 отсто, која пак поради недостаток на средства не успеала да спроведе обуки по општините.

За „несериозниот“ однос на Власта кон Комисијата, порај намалениот Буџет, од Фондацијата ги потенцираат и сеуште непополнетите човечки капацитети во нејзиниот Секретаријат. Најдобра слика за ова е дека Комисијата повеќе од една година не одлучуваше, заради тоа што се на избор на двајца нови членови во Комисијата се одолговлечуваше и чекаше една година.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Во Франција падна град со големина на топче за голф, одложени летовите за Париз, уништени лозја

(ВИДЕО) Во Шпанија падна град со големина на тениско топче, загина едногодишно девојче

(ВИДЕО) Бело како во зима: Силно невреме ја погоди Србија, драматични сцени снимени низ целата земја

А1он

ФОТО: „Bo Bowling“ во Skopje City Mall

Ана Ололовска

Промоција на нови 79 двокатни автобуси

Ана Ололовска

Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Ана Ололовска