Шекеринска: Граѓаните не живеат од национализам, што друго им нудат ВМРО и ДУИ?

Од:
Носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица и заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, одговарајќи на прашање во врска со понудата на ДУИ за премиер Албанец и говорењата на опозицијата за федерализација на државата.
„Коалицијата Можеме има програма, зад која што сме застанале и на сите им стана јасно дека единствените партии и луѓе кои ловат гласови на националистичка карта се само оние кои што немаат што да понудат и тоа не се однесува само на Албанци, исто се однесува и на македонски кандидати,“ рече Шекеринска.
„Мојот инстинкт ми вели дека секој пат кога ќе видите човек кој ја вади етничката карта знајте дека ништо друго нема што да ви понуди. После толку избори, особено 2016, 2017 година се виде дека луѓето сакаат нешто конкретно кое што не создава непријатели кај другите туку создава решенија за нивните проблеми мислам дека сите сфатија дека тоа е тоа што граѓаните го очекуваат. Оние што им ги нудат рециклираните национализми мислам дека апла соопштуваат дека нема што друго да им понудат,“ додаде таа.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он

Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

А1он