Граѓаните над 65 години ќе имаат предност за вакцинирање за Ковид-19

Од:

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината за Ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Овен нив, предност ќе имаат и здравствените работници кои работат во ковид-центрите со заболени или суспектни, и оние кои работат со земање на брисеви, вработените во критичната инфраструтура и во транспортот.

„Со овој процес на вакцинација започнува последната фаза на оваа пандемија. Сакам да информирам дека започнавме интензивни подготовки со цел да го припремиме здравствениот ситем за да имаме ефикасен систем за вакцинација“, изјави министерот Филипче по денешниот состанок на координативното тело кое е задолжено за спроведување на вакцинацијата.

Оваа вакцина нема да биде задолжителна, но за граѓаните ќе биде бесплатна.

Министерот најави дека вакцинирањето ќе започне во првите два-три месеци од следната година.

„Цел е 60 до 70 посто од населението да се вакцинира“, нагласи министерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни