Повеќе од еден час, граѓани и роднини на осуденици ја блокираат улицата пред Влада, тие бараат владата да им одобри распишување референдум за да се соберат 10 илјади потписи за да се донесе Закон за амнестија.
– Луѓето се револтирани сакаа и насилно да влезат во Влада, зашто ни велат нема кој да потпише. Не верувам дека нема ниту еден човек од администрација во моментов. Ние не попуштаме, остануваме пред влада додека не се одговори на нашето барање, вели за А1 он, Мери Николова од Иницијативата за закон за амнестија.