Граѓани до Коневски: Децата не се риби, па место во градинки да ги чуваме во езерцата и фонтани

Од:

Аеродром важи за најмодерна и најмлада општина во која на прв поглед сите проблеми се надминати. Но не е баш така. Голем дел од родителите чии деца се од претшколска возраст, секојдневно мака мачат каде да ги остават своите деца додека се на работа. Постоечките градинки се претесни за да ги згрижат сите деца. Се чека ред за упис, се фаќаат врски, се подготвуваат листи на чекање.

Во општината која е една од најголемите во Република Македонија, каде живеат според последниот попис над 80.000 жители и со млади брачни парови, функционираат 2 градинки – „Буба Мара“ и „Срничка“ заедно со вкупно 9 свои градинки клонови.

Според последните годишни извештаи на градинките годинава во Аеродром се запишани вкупно 2320 деца. Имајќи ги во предвид капацитетите за сместување на градинките кој изнесува 1490 деца, оваа запишани се 830 деца што е за 56 % повеќе од предвидениот капацитет на сместување.

„Требаше да ја запишам ќерката во градинка оваа година. Но искрено да кажам бев непријатно изненаден кога во градинката кај што отидов ми рекоа дека се полни капацитетите и да ја запишам малата на листа за чекање за упис дури за следната година “ се жалат родители.

Вели, со сопругата работиме и двајцата, но работните места ни се подалеку од местото на живеење па така да сега најпрво морам да ја носам малата кај мајка ми која живее во Центар, па да одам на работа.
„ Не бива така!“, револтирани се жителите.

Градоначалникот Ивица Коневски, во својата изборна програма во 2009 година иако вети изградба на 3 нови градинки во населбите Реонски центар, Стар Аеродром и Мичурин со кои во целост ќе се решеше проблемот на сместување на дечињата, до денешен ден нема целосно изградено ниедна. Во моментов привршува со градба градинката во Реонски центар. Истата се гради со средства од буџетот на РМ. Градинката ќе има капацитет од 200 деца. Коневски во својата изјава за еден дневен весник истакна дека со ова ќе се реши проблемот со градинките во Аеродром.

„Не знам како може некој да смета дека со 200 места ќе го реши проблемот- рече родител на дете кое оди во една од градинките. И во градинкава во која оди ќерка ми е се преполно со деца, фала богу што до сега немало некои посериозни проблеми. Нелогично фрлија во воздух милиони денари за фонтани, а ние родители се мислиме каде да ги оставиме децата на чување “, изјави еден од родителите.

Членовите на советничката група од опозициската СДСМ во Советот на општина Аеродром, сметаат дека под итно е потребно да се зголеми бројот на градинки. Според нив, не е јасно како градинките планираат според програмите за следната година да запишат уште повеќе деца, кога градинките се тие какви што беа и досега, со ист број на сместувачки капацитети.

Темата викендов во јавноста ја отвори и кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром, Диме Велковски кој изјави дека и по 4 години и после неколку милијарди денари народни пари потрошени на евтина шминка, од ветените три, Коневски не изгради ниту една градинка. Единствената градинка во Општина Аеродром која сеуште се гради, финансиски не е реализирана од страна на Општината, иако Коневски без срам ја брои како сопствено дело во неговиот „Отчет пред граѓаните“.

Велковски вели, дека благодарение на ентузијазмот на вработените воспитувачки и негувателки во градинките сеуште не е доведено во прашање одвивањето на воспитно-образовниот процес во градинките.
Овие денови на социјалните мрежи е забележан зголемен интерес за оваа тема, а о граѓани се јавуваат во редакцијата на А1.

Луѓето од Аеродром, брачните парови со мали деца, кои се засегнати од овој проблем, јавно го искажуваат своето незадоволство. Бараат од градоначалникот ако ништо друго да го оствари она што им го вети пред изборите во 2009 – изградба на нови градинки за нивните деца. Меѓу коментарите кои можеа да се прочитаат на социјалните мрежи го издвојуваме коментарот на гневен родител кој напишал „Децата не ни се риби, па наместо во градинки да ги чуваме во езерцата и фонтаните“.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки