Минатата ноќ се испишани графити „До смрт ВМРО“ и „Копиле“ на ѕидовите од станот во Охрид на уредникот на „Плусинфо“ и „Слободен печат“, Бранко Геровски.
Тој случајот го пријавил во полицијата во Охрид, а денеска се огласи и на својот фејсбук профил.
– Еве, вака е нагрден мојот стан во Охрид синоќа. Случајот е пријавен во охридската полиција. Го известив и градоначалникот Бакрачески.
Комшија Груевски, еве да те известам и тебе, да не биде дека последен дознаваш:
Пораката е примена. Сега знам дека и еден друг настан што се случи пред неколку дена, не бил случаен, туку е порака од твојата багра.
Само да знаеш, нема да ти успее да ме заплашиш. Купи си утре „Слободен печат“, па ќе видиш.
А ти еден ден за сево ова ќе мора да се објаснуваш пред своите деца. Верувај, нема да ти биде лесно, напиша Геровски.