Героски: Акцијата против Боки 13 е чекор против „бомбашкиот рекет“

Од:

Бранко Героски, новинарот и уредник на „Плусинфо“ веќе подолг период објавуваше колумни во кои детално, користејќи псевдономи, објаснуваше на кој начин течел рекетот што наводно го спроведувал неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски познат како Боки 13 а неговата поврзаност со владејачките структури. Бојан Јовановски во гостувањето на својата телевизија потврди дека тој е ликот од колумните на Героски.

Героски, во изјава за „А1он“ тврди дека акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против “бомбашкиот рекет” во Македонија.

„Иако се уште ги очекувам деталите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави. Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да проговорите. Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е. Ајде нека дојде сега до израз вистинското истражувачко нивинарство. Првиот што ќе се охрабри јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство“, вели Героски.

Во својата последна колумна од 6 јули годинава, Героски најави дека човекот под псевдоним Коки сега на врат има истрага што ја спроведува ЕУ.

„Коки е во паника и се обидува да почне некаков контранапад, што никако не му успева. А не му успева затоа што има измамничко минато и затоа што сѐ повеќе луѓе му откажуваат соработка, свесни за ризикот во кој ги фрла овој човек, чие целосно деловно работење е надвор од легалните финансиски текови“, пиша тој.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски