Героски за снимките за „Рекет“: Јас сум Геро, еден е новинарот Героски, но не сум поседувал бомби

Од:

По објавените аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“, каде што се споменува извесен Геро, новинарот Бранко Героски, кој преку псевдоними пишуваше за аферата пред таа да избие во јавност, вели дека не знае на што точно мислел бизнисменот Орце Камчев кога го споменувал во снимката. Наспроти аудиозаписот, каде што се слуша: „Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу, бам кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега. Геро ќе биде“, новинарот Героски е дециден дека не добивал снимки од никого.

„Несомнено дека јас сум Геро за кого се зборува во снимките. Еден е новинарот Героски, нема друг. Досега немам добиено никакви материјали од никој. Не сум поседувал, добивал, ниту сум барал некого. Јас немам добиено никакви снимки од никого. Ниту за овие ниту други снимки“, вели Бранко Героски во телефонска изјава за „А1он“.

Тој преку фејсбук-статус објасни дека жестоко ја критикувал претходната власт, а ја критикува и оваа за истите зла, како што се криминалите и корупцијата.

„Не знам на што точно мислел бизнисменот Орце Камчев, кој во најновите снимки вели: ‘Геро ќе ги пука сега’ и ‘Геро ќе биде’. Ако се мисли на жестоко критикување на власта, но и на другите (на сите, практично), како што е познато, јас и досега жестоко ги пукам сите и допрва ќе ги пукам. Јас ја отворив аферата ‘Рекет’, јас ја критикував и претходната власт за криминалите и корупцијата, а ја критикувам и сегашната за истите зла оти не гледам причина зошто би требало да биде поинаку. Во таа смисла, да, Геро беше и Геро ќе биде тој што нема да отстапи“, пишува Героски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Новинарот Бранко Героски во преостанатиот дел од коментирањето на снимката вели: „Ако, пак, Камчев мислел дека Геро ќе објавува нелегално снимени разговори, односно бомби, можам да го кажам она што сите го знаат – јас со такви работи не се занимавам бидејќи знам дека тоа е прекршување на Кривичниот законик, без оглед кој и како го толкува јавниот интерес.

Героски претпоставува дека Камчев ќе објасни на што конкретно мислел за пукањето, а нему никој досега не му дал да преслуша снимки пред да бидат објавени.

„Претпоставувам дека Камчев ќе објасни на што мислел конкретно за пукањето, но факт е дека јас никогаш не сум поседувал или споделувал бомби (ниту преснимени од ‘Јутјуб’ или од другите канали), никој не ми ги давал да ги преслушам пред да бидат објавени (сведок ми е Зоран Заев лично, ако веќе не му се верува на Камчев) и никој од мене не барал таква услуга. Веројатно затоа што сите знаат дека такво нешто од мене, едноставно, не смее ни да се бара. Се надевам дека сега е појасно, барем од моја страна. Значи, да повторам – како и порано, така и сега, а и во иднина, сите ќе ги критикувам, сите ќе ги пукам, ама бомби ниту сум пукал ниту ќе пукам, пишува Героски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов