Градот Скопје, Центар Карпош и Чаир не се сметаат за обесправени бидејќи Владата му даде пари на Арачиново за справување со Ковид-19

Од:

Градоначалниците на Градот Скопје и општините Центар, Карпош, Чаир не се чувствуваат обесправено затоа што Владата и додели 30 милиони денари на општината Арачиново за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради Ковид-19 кризата. Тие велат дека централната власт со скоро исти суми финансирала и нивни општински прокети.

„По целосна разработка на проектите кои што градот и општините од градот имаат доставено до Влада, со цел на централната власт да и помогне на локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти, завршени се во вкупен износ од околу 35 милиони евра за сите општини во нашата држава. Така што, нема обесправени општини во смисла дека добиваат материјална помош од централната власт а предизвикана поради скратените буџетски приливи на нашите буџети од ковид-кризата. Очекувам дека Владата ќе излезе со целовкупниот концепт многу набрзо. Не гледам дека има хендикепт во таа смисла“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, вели дека со пари од Владата во неговата општина ќе се реализираат два проекти, а сумата е колку и онаа што и е доделена на Арачиново.

„Добро би ни дошле и на нас, но не би рекол дека се чувствуваме обесправени. Ние како Општина Карпош аплициравме со проекти и горе-доле добивме исто толкава сума. Тој проект е за реконструкција за плочникот во Влае и реконструкција на улица о Долно Нерези. Не се чувствуваме обесправени, но не е лоша идејата Владата да помага на таков начин“, рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Висар Ганиу, како градоначалник на Чаир вели дека неговата општина добила 62 милиони денари за реализација на проекти во населбата Серава и е благодарен на тоа.

„Нас ни е мило што Владата помага на Арачиново. Ние аплициравме долго време со проекти кои ни се неопходни тука, ние добивме 62 милиони, навистина сме задоволни. Во населабата Серава, летно време нема вода за пиење, а во строго градско подрачје, За таа населба ќе се користат парите“, вели градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Градоначаникот на Центар, Саша Богдановиќ, смета дека секоја општина има свои приоритети. Општината со која раководи имала аплицирано за инфраструктурни прокети, а Владата исплатила 800.000 евра за нивна реализација.

„Секоја општина си има одредена специфичност. Центар учествувала со проекти во Владат, а ние добивме 800.000 евра за обнова на училишта, градинки, канализација. Секоја општина со свој приоритет. Владата е тука да излезе со поддршка на одредени барања. Урбаните општини имаат подобри приходи, а секоја општина си имаат свои барања. Ние како општина имаме огромна поддршка од Владата. Во изминатите 13 години не сме добивале ни денар“, вели Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три