Градоначалникот Заев со поддршка на локалните политики за вработување

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска присуствуваше на конференцијата „Локалните Економско Социјални Совети (ЛЕСС) – двигатели на локалните политики за вработување“ која што се одржа во Скопје. На конференцијата се дискутираше за постигнувањата и предизвиците во функционирањето на ЛЕСС, како и за нивната улога во поддршката на локалните политики за вработување, а поздравни обраќања имаа и амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли и министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска -Ременски.

Градоначалникот Заев од секогаш ја давал својата максимална поддршка во делот на вработувањето, а тоа се потврдува со фактот што Струмица е првата општина во Република Македонија која во декември 2011 година формираше Локален Економско Социјален Совет. Советот во кој се вклучени сите засегнати страни, Општината, работодавачите, образовните институции и Агенцијата за вработување, ја има улогата на советодавно тело на Општината за прашања поврзани со подобрувањето на можностите за вработување на младите.

На денешната конференција во Скопје присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и претставници на Одделението за локален економски развој.

Функционирањето на ЛЕСС е во рамките на проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување Мрежа ЈЕС.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!