А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Градоначалникот Заев на средба со струмичките одбојкарски резентативци

by А1он16/08/2015 - 22:22205
Share0

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, попладнево, ги прими струмичките одбојкарски репрезентативци кои беа дел од одбојкарската репрезентација на Македонија, а по повод освоеното второ место во Европската лига.

Добивај вести на вибер

-Огромна е среќата која што на сите граѓани на Македонија ни ја подари македонската одбојкарска репрезентација во Полска, а секако за нас струмичани е уште поголема затоа што осум одбојкари во репрезентацијата се од Струмица, тоа за нас е посебна гордост. Клубот од Струмица оваа година ја има двојната титула, ние сме шампиони во одбојка, го освоивме и купот, но еве и нашето учество во репрезентацијата предизвикува дополнителна гордост.

Денеска, имавме чест со дел од репрезентацијата, со нашите струмичани, да ја испратиме пораката дека е вредно да се помага и финансира овој значаен спорт и тоа до сите политичари, до власта, општините, но и приватниот сектор, посебно за идните чекори кои што се пред нив, а се многу важни и таа среќа која не огреа нека биде дополнителна причина за сите да насочат и внимание, финансии и ресурси за поддршка на овој спорт.

DSC_9916
Јас сум убеден дека квалитетот на нашата репрезентација многукратно ќе ја оправда помошта за да напредуваме понатаму и во афирмацијата на одбојката, а со тоа и во афирмацијата на нашата Македонија. Општина Струмица со поддршката која што ја дава од својот буџет е присутна во одржувањето на квалитетот на одбојката. Општината помагајќи 48 клубови од програмата за спорт ќе ја продолжи поддршката и се радуваме како мали деца кога доаѓаат круните, овие денови ја исплативме и наградата од 5 илјади евра за освоената титула и на тој начин сакаме да поттикнеме борба за шампионски титули и за освојување на купот и во тоа име, јас и како политичар, можам да испратам порака до централната власт која што по дифолт треба да ги поддржува репрезентациите, да се изнајдат финансиски средства, затоа што еве, нашите играчи кажуваат дека ние имаме квалитет и за учество во светската лига, не смеат парите да бидат проблем за учество, а со тоа и за афирмација на Република Македонија преку спортот, кој е најголемиот амбасадор на државата, рече градоначалникот Заев.

Од името на одбојкарите за приемот на градоначалникот се заблагодари капитенот Никола Ѓоргиев.

DSC_9928

-Два дена по нашето финале, по една од најголемата битка која ја имавме во животот, дојдовме дома во Струмица и сакаме да му заблагодариме на градоначалникот Зоран Заев, кој ни приреди еден свечен чин и тоа не само на нас струмичани, туку и на цела репрезентација, но останатите поради умор и ангажман во клубовите не се во можност да бидат во Струмица. Сите ние сакаме да се заблагодариме на градоначалникот за поддршката која ни ја даваше, а посебно ние струмичани за поддршката на клубот ОК Струмица во сите овие години и веќе три години двојна круна. Ова за нас беа најсреќните денови во нашите животи, успеавме да го направиме сонот реалност, успеавме да го земеме овој сребрен медалм кој ни значи многу и кој е доказ за нашата работа и посветеност и најбитно е што во Струмица се игра добра одбојка и дека во Макеоднија одбојката е еден од најголемите спортови и дека овој спорт треба да се помога и одбојката да биде на исто рамниште како ракометот и кошарката, рече Ѓоргиев.

DSC_9949

Во знак на благодарност за приемот, но и за континуираната поддршка, капитенот Ѓоргиев му го подари сопствениот дрес на градоначалникот Зоран Заев.

odbojkaZaev

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Катерина Ѓуровски14/10/2025 - 12:33

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 12:40

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 09:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен