Градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов на социјално загрозени семејства од општината денеска им додели социјални пакети со прехранбени артикли.
Целта е да им се помогне на дел од семејствата кои спаѓаат во социјално ранлива категорија.
– Се работи за семејства во кои имаме самохрани родители, без разлика дали се тоа мајки или татковци, кои самите се грижат за по неколку деца после разводот или смртта на брачниот другар. Имаме и такви кои се социјално загрозени од различни други причини. Се надеваме дека со тоа барем малку ќе им го олесниме животот, нагласи Лазов.
Градоначалникот лазов најави и во иднина ваква и слична помош за социјално загрозени семејства, во рамки на можностите на локалната самоуправа.