Жителите на Сирково побараа помош од градоначалникот на Росоман за да добијат приклучок кон патот Градско-Прилеп

Од:

Градоначалникот на Росоман да реагира кај надлежните државни институции во врска со проблемот на жителите на село Сирково, кои бараат приклучок кон новиот брз пат Градско-Прилеп и да се вратат во првобитна состојба двата патни правца кои се користат при градбата на новата делница. Ова е заклучокот од седницата на Советот на росоманската општина, за кој денеска информираше Веле Коцев, претседател на месна заедница Сирково.

– Побаравме од локалната самоуправа да се испратат барања до Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта за исполнување на нашите барања. Ако не може приклучок, барем влез и излез да имаме кон новиот пат. Да не останеме слепо црево и во иднина патот да го гледаме на двеста метра, а да мораме со километри да вртиме да се приклучиме на тој брз пат. Ја добивме поддршката и од градоначалникот и од советниците во Советот на општината, соопшти Коцев.

Тој потсети дека проблемот е од 2015-2016 година и оти во ноември и почетокот на месецов протестираа со цел негово решавање.

– Приклучокот е од витално значење и од голема важност за над 500 жители на селото Сирково, но и за сите оние кои доаѓаат за викенди овде. Второ по големина село сме во општината. Ова прашање е значајно за животот, опстанокот и развојот. Знаеме што значи комуникацијата со останатиот дел од државата, дециден беше Коцев.

Тој додаде дека можно е радикализирање на состојбите и блокада на постоечкиот регионален пат Градско-Прилеп, доколку надлежните не го решат нивниот проблем.

Би можело да ве интересира

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Убиство во Росоман, син си ја закла мајка си

Горан Наумовски

Филипче: Над 45 реализирани проекти во Росоман, поддршка за Стојан Николов за да продолжи напредокот

Горан Наумовски