Градоначалникот на Дебрца наместо да ги почитува, се исмева со препораките за заштита од коронавирусот

Од:

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, и натаму продолжува да не се придржува до препораките на Владата. Наместо да биде пример за жителите и да им укаже дека треба да држат социјална дистанца од два метри, како и да не се собираат во групи, Ногачески се шегува со мерките на социјалните мрежи, затоа што претходно беше искритикуван за неговиот чин за свесното игнорирање на упатствата од Министерството за здравство со цел спречување на коронавирусот.

Градоначалникот треба да знае дека „А1он“ не ги донесе мерките и препораките, туку Владата. Како и сите, така и тој треба да се придржува до нив и да не покажува лош пример на однесување во време на паднемија.

Тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделил фотографија заедно со работник, најверојатно ангажиран од општината, преку која ни порачува да не се грижиме бидејќи сега држел социјална дистанца. Ногачески додека прави селфи, го држи работникот за рака, од што може да се заклучи дека тој повторно не се придржува до мерките кои ги пропагира само на социјалните мрежи, што од друга страна, покажува несериозност кон пандемијата поради која илјадници луѓе ширум светот ги изгубија животите.

И денес работиме и пробиваме полски патишта, а1 он не се секирајте, држиме социјална дистанца…

Posted by Зоран Ногачески – Градоначалник на Дебрца on Сабота, 04 април 2020

Ногачески како градоначалник, преку неговата официјалната страна на „Фејсбук“ им порачал на граѓаните дека: „Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи“, порака која самиот тој не ја применува, што може да се види од објавите кои сам ги споделува.

Posted by Зоран Ногачески – Градоначалник на Дебрца on Сабота, 14 март 2020

Ваквите постапки на градоначалникот на Дебрца, продолжуваат иако во последниве денови, министерот за здравство, Венко Филипче постојано повторува дека најголем дел од случаите кои заболуваат од корнавирус се преку локална трансмисија, за што надлежните институции бараат од сите да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на заразата.

Претходно, градоначалникот Ногачески без никаква заштита, без да држи дистанца од 2 метри, остварувал контакт со ризична категорија на граѓани кои се склони на коронавирусот. Освен ова, тој со нив гушкал и ракувал со нив. Иако тој требало да им укаже на тамошните жители дека не треба да се собираат и да прават групирање по домови, им се придружил на кафе муабет и се фотографирал со нив. На фотографијата можат да се видат осум лица, меѓу кои нема дистанца од 2 метри.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Жена од охридско се загубила синоќа берејќи печурки, пронајдена е утрово

Катерина Ѓуровски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on