Градоначалникот на Чаир апелира да се почитуваат мерките

Од:

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи ризикот е сè уште голем.

По информациите дека голем дел од новозаразените се граѓани на Чаир, градоначалникот оцени дека состојбата со коронавирусот продолжува да биде проблематична.

„Свесен сум за потрошеното трпение и желбата за враќање во нормала, но сепак ризикот сè уште постои и можноста за заразување е сè уште доста голема. Затоа, да бидеме добар пример на оваа состојба, а не спротивното. И понатаму да се придржиме кон неопходните мерки до целосно елиминирање на вирусот и завршување на оваа состојба“, рече Ганиу.

Тој порача да се држи социјално растојание, да се употребуваат заштитни средства, да се врши дезинфекција на рацете.

Ганиу оцени дека локалната власт и институциите досега постигнале менаџирање на ситуацијата, а тука ги наведе повиците за седење дома и дезинфекцијата на улиците.

Би можело да ве интересира

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Насилство во Чаир: Жена е нападната од нејзиното момче

МВР: Прекршочна постапка против општините Чаир и Тетово и нивните градоначалници

Горан Наумовски

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“

Предраг Петровиќ

Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти

Предраг Петровиќ