Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња

Од:

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, до Основното јавно обвинителство поднесе иницијатива за отворање на постапка и спроведување на истрага во врска со пријавите за каснување од кучиња скитници кои се доставуваат до општината. Со иницијативата, градоначалникот бара обвинителството да спроведе соодветна постапка врз основа на која ќе се направи целокупна и опсежна анализа, но и истрага при што ќе бидат отстранети сите сомнежи кои постојат или ќе се утврди кривична одговорност против сите оние кои извршиле злоупотреба и го оштетиле буџетот на Општина Битола, а се стекнале со материјална корист за себеси на сметка на истиот.

Иницијативата произлегува по укажувањата од страна на надлежните служби, но и правните застапници на Општина Битола, дека постои основан сомнеж за сторени злоупотреби од страна на сите вклучени субјекти во постапката во предметите за надомест на материјална и нематеријална штета предизвикана како резултат од напад на куче – скитник кои во изминатиот период се со зголемен број, а врз основа на што Општина Битола трпи сериозна материјална штета.

„Имајќи предвид дека сум известен дека постои голема база на предмети со ваков основ за надомест на материјална и нематеријална штета предизвикана од куче скитник во кои има сериозни индиции дека настанале неправилности и се извршиле злоупотреби, а притоа истите имаат правна разрешница, но голем дел се и сеуште незавршени, стоиме на располагање на Ваше барање да ги доставиме сите потребни списи од овие предмети, но и останата потребна документација на увид со цел успешно и непречено завршување на постапката и истрагата“, стои во иницијативата на градоначалникот Коњановски до ОЈО.

Покрај укажувањата, правните застапници до градоначалникот и општинскиот Совет, предлагаат изнаоѓање на можни начини за разрешување на проблемот со енормниот број на судски предмети за надомест на штета од каснувања на куче скитник. Во нивните предлози се наведува потребата од систематска соработка со Клиничка болница Битола и МВР и тоа:

Преку соработка со Клиничка Болница Битола потребно е:

1) Да се издејствува објективност во извештаите на докторите кои ги прегледуваат пациентите. Потребно е да се побара секој доктор во извештајот јасно да наведе дека анамнезата е исклучиво по кажување на самиот пациент, А ДЕКА ТОЈ КАКО ДОКТОР НЕ МОЖЕ ДА ПОТВРДИ ДАЛИ РАНАТА Е НАНЕСЕНА ОД ЖИВОТНО ВООПШТО, А НЕ ПАК КАКО ШТО Е СЛУЧАЈ СЕГА ДЕКА Е ОД КУЧЕ, па дури во најголем број случаеви и скитник.

2) Да не се поставува дијагноза W54 која значи рана од каснување од куче, туку дијагнозата да биде РАНА, а тоа дали е од куче или воопшто животно или нанесена на друг начин да биде предмет на докажување.

3) ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ОПИС НА РАНИТЕ – во смисла големина во сантиметри или милиметри, опис на местото на раните, нивниот број, старост на повредите, со сите останати карактеристики.

Преку соработка со МВР Битола потребно е:

1) Со секоја пријава за каснување од куче скитник – МВР Битола преку крим техника да изврши фотографирање и опис на раните

2) При секоја пријава да бара податок за приближно точно време на настан како и точна локација на настанот, како врз основа на таквите податоци би се извршило проверка на самата локација во смисла на видео снимки од околни објекти или лице кои биле на тоа место (во смисол вработени во околни објекти или околина)

На ваков начин, лесно би се докажало дали воопшто се случил настан на самото место, а би се овоможила проверка на објективноста на описот на раните на самиот доктор.

„Без помош и соработка од овие две институции, не би можело воопшто да се очекува каква и да била можност за реално постапување во судските постапки како и утврдување на кривична одговорност на лицата инволвирани во евентуалните невистинити случаи каде се бара штета, иако истата не била причинета од куче скитник“, се нагласува во предлогот од правните за

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски