Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Од:

Општина Арачиново повеќе не е „црна овца“, наплатата на данок е зголемена за 422 отсто годинава во споредба со минатата, се пофали градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими на денешната презентација на соработката на УСАИД со повеќе општини, меѓу кои и Арачиново.

Преставникот на УСАИД, Бардил Марку ја пофали општината во однос на соработката и резултатите, посочувајќи ја како „успешна приказна“, а градоначалникот Ибраими посочи дека фразата „арачиновци не плаќаат данок“ веќе е минато.

Од општината тврдат и дека Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност.

„На крајот од денешната презентација како што рече и самиот Градоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе ,,црна овца” туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу по големи Општини и финансиски по јаки од нас, но нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, велат од општината.

Би можело да ве интересира

Нема докази дека Хамас ја краде хуманитарната помош во Газа, соопшти USAID

Нема да има данок за немажени и неженети, иницирав дебата, се извинувам, порача Мицкоски

Се размислува за дополнителни даноци за немажени и неженети, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД