Градоначалникот Димитровски на средба со кочанските крводарители

Од:

По повод Денот на Црвениот крст и на крводарителството во Република Македонија, крводарители и волонтери од Општинската организација на Црвениот крст – Кочани се сретнаа со градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски.

На средбата беа разменети мислења за состојбите во крводарителството во Кочани, при што беше потенцирано дека единиците крв што ги собира кочанскиот Црвен крст ги задоволуваат потребите на локалната заедница.

Според Анета Коцева, секретар на Црвениот крст во Кочани, ваквите посети кај градоначалниците на Кочани, Зрновци и на Чешиново-Облешево, како и средбите со директорите на двете средни училишта во Кочани имаат за цел да ги мобилизираат и да ги поддржат младите во крводарителството.

Коцева истакна дека моментно во Кочани има петмина крводарители кои дарувале крв повеќе од стопати, а минатата година Општинската организација на Црвениот крст организирала 23 крводарителски акции и планот за крводарување е реализиран со околу 90 проценти.

Би можело да ве интересира

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он