Градоначалничката на Битола се сретна со ученици што протестираат за јавниот превоз

Од:

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска попладнево оствари директна средба со ученици кои протестираа пред Општина Битола во врска со проблемите со бесплатниот ученични превоз во јавниот сообраќај во овој град.

Секторот за односи со јавност на Општина Битола информираше дека група ученици протестирале за состојбите со бесплатниот превоз во градот, за што добиле појаснување од градоначалничката Петровска.

– Градоначалничката на општина Битола ги покани учениците во општината, им ја објасни актуелната состојба со превозниците, законските измени и новите правила за користење на линискиот превоз од страна на учениците во местата каде што го има. На оваа средба, таа, исто така, им ги објасни и тековните наследени проблеми од изминатите години со коишто се соочува Општина Битола и ги повика на трпение, до конечното решавање на проблемот, кое следува за краток период. Петровска и пред нив уште еднаш го повтори ставот дека Општината нема намера да штити нечии лични интереси на штета на образованието. Таа посочи дека на сметка на досегашните високи цени на превозот на учениците не е направено повеќе во однос на санирање на тоалетите, таблите, прозорците, а ниту во нагледните средства за работа, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.

На средбата во кабинетот на битолскиот градоначалник учествувале директори на дел од училиштата, се нагласува во соопштението од Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов